Ал Пачино имаше мала незгода на црвениот тепих на BAFTA 2020.
Додека пристигнуваше на манифестацијата во Лондон, 79-годишниот актер падна пред да се качи по скалите. За да се исправи на нозе му помогна неговата 40-годишна девојка Мител Дохан.








Славната холивудска ѕвезда подоцна позираше пред фоторепортерите, уверувајќи ги дека е добро.






Пачино беше номиниран во категоријата Најдобар актер во споредна улога, но наградата заврши во рацете на Бред Пит.
