Денешниот датум секогаш буди емоции кај сите кои го сакаа и почитуваа Тоше Проески. Токму на 16 октомври пред 16 години го изгубивме нашиот славеј со огромно срце, кој никогаш нема да го заборавиме.
Каролина Гочева, Весна Петрушевска, Калиопи, Игор Џамбазов, Ламбе Алабаковски, Викторија Лоба, Антониа Гиговска... Македонските славни личности и оваа година не пропуштија да споделат фотографии и да опишат моменти со прерано починатиот пејач.
Каролина Гочева

Весна Петрушевска
„Секој 15ти октомври е ист. И тоа точно некаде околу 22 часот. Завршивме околу 23 часот. За неполни 7 часа те снема. Небото е поделено на 7 елементи. Виножитото има 7 бои. Сакам да мислам на тебе затоа што тогаш чувствувам дека си жив некаде, макар и во мојата глава. Ти уживаше во секое изгрејсонце, бидејќи знаеше дека никому не е ветено утре, дури и остатокот од денес. Тагата е љубов што не сакам да ја оставам. Тебе нема никогаш да те оставам. Те сакам, твоја Бејби“ – напиша Весна.

Калиопи
„Секоја година без тебе е сè потешка и потешка...“ – напиша Калиопи.


Сузана Турунџиева
„16ти. Денот кога во секој од нас се отвори една гооолема празнина, која со ништо не се пополнува“ – напиша Турунџиева.
Ламбе Алабаковски

Елена Ристеска
„А можевме повеќе да имаме сега… ех, да можам да го вратам времето, ех, да можам да те вратам со него…” Тоше засекогаш ќе бидеш во посебен дел од моето срце, резервиран само за тебе. 16 тажни години без тебе… - напиша Елена.
Игор Џамбазов


Антониа Гиговска

Викторија Лоба

Марјана Станојковска

Преку видеото што следува потсетете се на неговиот последен концерт во Скопје: