Каролина Гочева одржа прекрасен концерт во новоотворениот трговски центар Дајмонд Мол во Скопје.
Во „срцето на градот“ ечеа песните на македонската музичка дива, а бројната публика комплетно уживаше во нејзиниот настап.
На сцената, Каролина изгледаше фантастично во краток фустан со широк ракав, а зрачеше со енергија на светска музичка ѕвезда.


Во чест на својот пријател Тоше Проески, Каролина ја испеа „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, како и нивниот дует „Немир“.





Погледнете видео од концертот: