Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мажоретка, еднорог, Геко... Меган Фокс сподели фотографии од трите маскирани синчиња

Мажоретка, еднорог, Геко... Меган Фокс сподели фотографии од трите маскирани синчиња

Меган Фокс многу ретко споделува приватни фотографии, па токму затоа го привлече вниманието на нејзините фанови кога за Халовин објави три фотографии од маскираното семејство.

За популарниот празник, 32-годишната актерка носеше маска инспирирана од „Хари Потер“, додека 6-годишниот Ноа беше зомби мажоретка, 4-годишниот Боди стана Геко од „PJ Masks“, а 2-годишниот Џурни Ривер беше еднорог.

Меган Фокс Меган Фокс

На последната фотографија, Фокс позираше со маскираниот сопруг Брајан Остин-Грин и неговиот син Касиус од претходна врска.

Меган Фокс

Меган и Брајан не милуваат да зборуваат за личниот живот пред камерите, но неодамна тој даде свој коментар за дискусиите за тоа дали треба да му дозволуваат на малиот Ноа да носи фустани.

„Син ми, знаете, тој има четири години. И слушнав дека некои луѓе не се согласуваат, не се согласуваат тој да носи фустанчиња. Ним им велам, не ми е гајле. Тој не повредува никого со носењето фустан. Па, ако сака да носи фустан, одлично. Сметам дека 4 и 5 се години кога треба да се забавуваш“ - рече тој.

Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27241 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.