Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мадона ќе настапи на Евровизија во Израел: Како специјална гостинка ќе заработи 1 милион долари

Мадона ќе настапи на Евровизија во Израел: Како специјална гостинка ќе заработи 1 милион долари

По месеци шпекулирање, Европската радиодифузна унија потврди дека Мадона ќе биде специјална гостинка на Евровизија 2019 во Израел.

Мадона

Во Тел Авив, 60-годишната музичка ѕвезда најверојатно ќе настапи со две песни, од кои едната ќе биде од нејзините стари хитови, а другата ќе биде нејзина нова песна. За своето учество во најголемото европско музичко шоу, Мадона ќе заработи 1 милион долари од бизнисменот Силван Адамс.

Според информациите, славната пејачка ќе има со себе придружба од 160 лица.

Тоа ќе биде нејзин четврти настап во Израел.

Мадона Мадона

Евровизија ќе се одржува следниот месец од 14 до 18 мај. Меѓу водителите ќе биде и израелскиот супермодел Бар Рафаели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11421 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.