Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Луѓето видоа љубов“: Лејди Гага се отвори за романтичниот момент со Бредли Купер на Оскар

„Луѓето видоа љубов“: Лејди Гага се отвори за романтичниот момент со Бредли Купер на Оскар

Лејди Гага гостуваше во шоуто на Џими Кимел. Во емисијата, 32-годишната пејачка зборуваше за напорната работа и шпекулациите за наводната романса со Бредли Купер.

Имено, на настапот на Оскарите на Гага и Купер со „Shallow“, многумина ја почувствуваа силната хемија помеѓу нив, но музичката ѕвезда е категорична дека тоа беше чиста глума.

„Луѓето видоа љубов... Па погодете што? Тоа е она што сакавме да го видите“ – изјави ѕвездата од хит-филмот „A Star Is Born“.

„Беше многу важно двајцата да бидеме поврзани цело време. Кога пееш љубовни песни, тоа е она што сакаш луѓето да го почувствуваат“ – вели Гага во видеото.

ВИДЕО

„Ова е љубовна песна 'Shallow', филмот 'A Star Is Born' е љубовна приказна. Ние работевме напорно, работевме цела недела на таа изведба. Бредли го режираше филмот и тој ги режираше сите музички моменти во филмот, па очигледно го режираше моментот на 'Shallow' во филмот. Па, јас знаев дека тој има визија за тоа како треба да изгледа изведбата. Сè што видовте, начинот на кој беше снимано, начинот на кој го поставија пијаното, начинот на кој се појавивме на сцената, без интро, сето тоа беше идеја на Бредли“ – додаде Гага.

Лејди Гага и Бредли Купер

Моментот кога Џими Кимел ќе ја започне темата за љубовните искри помеѓу Гага и Купер.

Лејди Гага се закити со Оскар за Најдобра оригинална песна за „Shallow“. Потсетете на настапот на ѕвездите од „A Star Is Born“ на престижната манифестација:

Лејди Гага и Џими Кимел Лејди Гага и Џими Кимел Лејди Гага и Џими Кимел

Бредли е во среќна врска со Ирина Шајк со која има една ќеркичка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27387 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.