Луисана Лопилато и Мајкл Бубле имаат за што да слават. Нивното мало синче Ноа, кое во 2016 година се бореше со рак, наполни 8 години.
Славниот пар со пораки и фотографии му го честиташе роденденот на храброто момченце.

Во пораката на 45-годишниот пејач стои:
Денес мојот херој полни 8 години!
Никогаш не сум запознал некој толку храбар...
Никогаш не сум запознал некој толку љубезен и со толку добро срце...
И никогаш не сум можел вистински да изразам колку сум горд или колку е длабока мојата и љубовта на Мама за тебе.
Ти ги благослови нашите животи на секаков начин. Се надеваме дека Бог ќе те благослови на овој специјален ден. Среќен роденден, Ноа.
„Му благодарам на Бог што ме избра да ти бидам мајка!“ - напиша ѕвездата од „Млади бунтовници“. Прочитајте ја нејзината целосна порака:
Ноа на мојот живот! Моето прво момче! Тоа кое ме научи да бидам мајка, ме направи најсреќната жена откако дојде во нашите животи. Ние сме среќни што можеме да уживаме во секоја минута со тебе, да те гледаме како растеш секој ден со таа светлина која зрачи од тебе. Те сакам секаков! Те сакам среќен, лут, тажен, незапирлив, уморен, грижлив, понекогаш несмасен, храбар, воин, тврдоглав, истраен, партнер, љубезен, креативен, а пред сè, го сакам твоето љубезно срце!
Фала ти мое малечко што нè научи за битките, но исто така и за победите! За тоа што ја хранеше нашата надеж со заеднички соништа како семејство. Му благодарам на Бог што ме избра да ти бидам мајка! Сакаме да бидеш бескрајно среќен и секогаш цврсто ќе стоиме држејќи ја твојата рака и ќе ти даваме сила и љубов кои ти се потребни за да ја надминеш секоја пречка во овој живот. Те сакаме!






Луисана и Мајкл имаат уште две деца, 5-годишниот Елијас и 3-годишната Вида.

