Линдзи Лохан се врати во форма шест месеци по породувањето. 37-годишната актерка присуствуваше на премиерата на мјузиклот „Mean Girls“, 20 години по оригиналниот филм во кој ја имаше главната женска улога.
На филмскот настан во Њујорк, холивудската ѕвезда носеше црн фустан со исечоци околу половината од Александар Воте.


Линдзи се породи во јули минатата година. Таа го доби синчето Луај со сопругот Бадер Шамас.

На розовиот тепих, Линдзи се обедини со Тина Феј, која ја глуми професорката Шерон Норбери во „Mean Girls“.










Мјузиклот „Mean Girls“ излегува 20 години по оригиналниот филм, кој беше многу популарен кај тинејџерите. Погледнете го трејлерот за новата верзија: