Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага си ја разголи душата за самоповредувањето и наводната врска со Бредли Купер

Лејди Гага си ја разголи душата за самоповредувањето и наводната врска со Бредли Купер

Лејди Гага е ѕвездата од декемвриското издание на Elle. Популарната музичарка позираше за модното списание, но и беше интервјуирана од Опра Винфри.

Лејди Гага

Во интервјуто, Лејди Гага даде свој коментар за наводната афера со Бредли Купер и нивниот оскаровски настап. „Искрено, мислам дека она што излезе во медиумите е смешно. Ние создадовме љубовна приказна. Според мене, како изведувач и актерка, се разбира дека сакавме луѓето да веруваат дека сме заљубени. И сакавме луѓето да ја почувствуваат таа љубов на Оскарите. Сакавме да проникнеме низ леќите на камерата и до секој телевизиски екран на кој беше гледана изведбата. Работевме напорно за тоа, работевме со денови. Беше оркестрирано како перформанс“ – вели таа.

Лејди Гага

Лејди Гага многупати има зборувано за животните трауми, а особено го потенцира самоповредувањето како негативен „издувен вентил“.

„Не се имам отворено многу за ова, но сметам дека е важно луѓето да знаат и да слушнат: Се самоповредував долго време и престанав да се пресекувам и повредувам себеси кога сфатив дека се обидував да им покажам на луѓето дека ме боли наместо да им кажам дека имам потреба од помош и да побарам помош од нив... Едно нешто што би им го предложила на секој кој се соочува со траума, самоповредување или самоубиствени тенденции, е мраз. Ако ги ставите дланките во вода со мраз, тоа ќе го шокира вашиот нервен систем и ќе ве врати во реалноста“ - вели таа.

Лејди Гага

Не е тајна дека Лејди Гага била силувана и дека тоа оставило долготрајни последици кои таа успеала да ги „стави под контрола“ со соодветна терапија. „Порано верував дека нема надминување на траума. Навистина беше така. Бев во физичка, ментална и емотивна болка. И лековите беа полезни, но ти се потребни лековите заедно со терапија за да делуваат, затоа што има делче во напредокот кое треба да го одработиш сам“ – изјави таа.

Лејди Гага

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.