Лејди Гага моментално престојува во Италија, каде го снима својот нов филм, но нејзините миленичиња во Холивуд се најдоа во центарот на вистинска драма.


Додека Рајан Фишер, човекот задолжен за трите кучиња, бил на ноќна прошетка, двајца напаѓачи му се заканиле да им ги предаде француските булдози. Бидејќи тој одбил, бил застрелан во областа на градите, а напаѓачите успеале да украдат две од трите миленици на славната пејачка.


Првичните информации се дека Фишер е во добра здравствена состојба, а дека Лејди Гага е силно потресена од инцидентот.
Светските медиуми известуваат дека таа понудила награда од половина милион долари за безбедно враќање на нејзините кучиња Коџи и Густав. Веќе била создадена и специјална електронска пошта KojiandGustav@gmail.com, преку која виновниците би можеле да стигнат до наградата, а притоа да не сносат последици ако ги вратат кучињата.


Лејди Гага деновиве снима филм за семејството Гучи во Рим.
