Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага номинирана за рекордни 13 MTV VMA награди

Лејди Гага номинирана за рекордни 13 MTV VMA награди

Лејди ГагаЛејди Гага за Vanity Fair

Популарноста на Лејди Гага како да нема граници. Екстравагантната пејачка постави уште еден рекорд – доби рекорден број на номинации за MTV видео музичките награди.

Таа успеа да биде номинирана во 13 категории и со тоа стана првиот изведувач во историјата што добил толку номинации во текот на една иста година.

24-годишната пејачка е номинирана за Најдобро поп видео, Најдобро денс музичко видео, Најдобро видео на женски изведувач и Најдобра кореографија за нејзиниот сингл Bad Romance.

Исто така, таа е номинирана и за Најдобра соработка за нејзината соработка со Бијонсе за хитот Telephone. Интересното е што и спотот на Bad Romance и оној на Telephone се истовремено номинирани и за Најдобра кореографија и за Видео на годината.

Во категоријата Најдобра кореографија, Лејди Гага има дури 3 од 5 номинации за спотовите Bad Romance, Telephone и Video Phone.

Според бројот на номинации, зад Лејди Гага успеа да застане Еминем, којшто има 8 номинации, меѓу кои за Најдобро видео на машки изведувач и Видео на годината за Not Afraid.

Манифестацијата за доделувањето на Видео музичките награди на MTV ќе се одржи во Лос Анџелес на 12 септември.

Bad Romance – видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.