Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага: „Булимија и анорексија од 15 години“

Лејди Гага: „Булимија и анорексија од 15 години“

Фотографиите од последните концерти на Лејди Гага ја открија нејзината позаоблена фигура и во изминатава седмица медиумите непрекинато пишуваа за нејзината тежина. Острите критики за покачувањето на тежината ја поттикнаа актуелната музичка ѕвезда да возврати на ударот.

На социјалната мрежа Littlemonsters.com Гага објави фотографии во долна облека со кои ја покажува својата фигура во вистинско светло. Но, освен што го разголи своето тело, Гага ја разголи и својата душа, признавајќи дека од 15-годишна возраст се бори со булимија и анорексија.

Лејди Гага Лејди Гага
Лејди Гага Лејди Гага

Над првата фотографија Лејди Гага напиша: „Булимија и анорексија од 15 години“, што е доста силен контра удар насочен кон медиумите кои ја критикуваа за тежината.

Со објавувањето на фотографиите Гага на својата социјална мрежа ја отвори секцијата „Body Revolution“, во која сите фанови објавуваат фотографии од своите недостатоци и кажуваат како успеале да ја надминат несигурноста.

„Моето момче ме преферира заоблена, кога јадам и сум здрава и не се загрижувам за мојот изглед, среќна сум. Посреќна отсекогаш. Ова сум јас. И сум горда во секоја големина“ – напиша таа.

Лејди ГагаЛејди Гага на концертот во Амстердам (една од фотографиите кои ги поттикнаа медиумите да ја критикуваат за тежината)

Лејди Гага пред неколку месеци откри дека држи многу строга диета за да биде во форма. „Јадам салата, сонувам за чизбургер. Поп ѕвездите не јадат“ – напиша таа на Twitter.

Нејзиниот пријател Елтон Џон еднаш изјави: „Зборувам со нејзините родители за тоа. Тие се загрижени. Таа е слаба и не јаде кога треба, а таа е девојка. Потешко е за девојка.“

Стотици фанови на Гага досега имаат испратено фотографии и ги имаат споделено своите трогателни приказни. Некои од нив пишуваат за борбата со ракот, некои за борбата со анорексијата... Еве некои од објавените фотографии.

Лејди Гага со својот фан МарселЛејди Гага со својот фан Марсел Ники ЛеаНики Леа: „Ова сум јас, а Лејди Гага ме охрабри да ја покажам мојата вистинска слика“ Клоцајќи го задникот на ракотОпис на фотографијата: „Клоцајќи го задникот на ракот“ Опис: Родена сум со ретка болест на коските која предизвика да сум ниска и во инвалидска количка. Но, Гага ме направи храбра, таа направи да се чувствувам како да сум висока метар и пол и како сè да е возможно

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.