Исидора Јелиќ не остана рамнодушна на изјавите на еден од гостите во подкастот на Стефан Лазаров и сними видео за да ги искаже своите ставови.
Сопругата на Марио од 2Bona беше револтирана од исказите на Мирољуб Петровиќ, кој смета дека ако жената не може да има деца, треба без проблем да прифати мажот да доведе друга жена која ќе му роди деца, како и од тоа дека сурогатството и постојувањето се неприфатливи ако мажот е способен да има свои биолошки деца.
Исидора, која во јули сподели дека не може да роди дете поради редок синдром, чувствувала потреба да се искаже во свое име и во името на други жени и девојки кои минуваат низ иста или слична ситуација.
Еве ги нејзините зборови:
Јас дотичниот господин којшто беше гостин во подкастот не го познавам. Имам можеби видено некое видео или две од него кога бил гостин кај Лазаров, но не сум запознаена со неговата биографија, со неговиот живот и кариера. Не можам да зборувам за други работи освен за темата којашто мене ме засега и за темата за којашто ќе зборувам. Искрено, лично ме повреди.
Зборувам конкретно за ставот дека доколку една жена не може да роди дете, треба мажот да донесе во куќа друга жена којашто ќе може да роди дете и тие тројцата да си живеат во заедница и љубов и жената тоа треба да го прифати без проблем. Исто и доколку мажот не може да има дете, дека жената треба да си најде друг маж, а тој да ѝ дадел одредена сума пари. Исто така, сурогатство и посвојување не доаѓало во предвид кога мажот можел да има свое биолошко дете.
Мислам дека толку многу се бореле жени во овој живот и изминати милиони години, за ние во 2025 година, месец дена пред 2026 година, да стигнеме повторно до ставот дека жената е таа што треба да седи дома, да чува деца, да раѓа деца и за ништо друго не е битна.
Од ваквите размислувања и од мажите со ваквите размислувања, јас како тинејџерка, стигнав до тоа да се борам со панични напади, анксиозност, самодоверба на нула и со тоа да сметам дека не вредам како жена и дека треба да се убијам, затоа што тоа и биле зборови што ми биле кажани од мажи кои имале вакво размислување.
Дури и сега, додека го зборувам ова ми трепери душата, бидејќи не ми се верува дека сè уште некој може да се дрзне и да размислува на овој начин и да смета дека е во ред да го изнесе тој став. Со тоа што јас го почитувам секој став и секој нели има право да си живее како сака, меѓутоа постојат, барем јас лично видов после мојата приказна, колку девојки и жени живеат во тој страв и во тоа дека нема да бидат признаени или не може да си најдат партнер, баш од оваа причина.
Од оваа причина, моите родители се плашеле мене да ми ја соопштат веста дека јас не можам да родам дете, затоа што биле свесни дека ќе се најде некој ваков кој ќе ми го каже мене ова на мои 15, 16, 17 години и во мојата психа ќе направи еден свич којшто нема да дозволи јас ова да го прифатам на начинот на којшто сум го прифатила сега, после толку години.
Мислам дека е апсурд веќе жените да ги гледаме на тој начин и да ги судиме по тоа дека се направени само за да раѓаат дете.
Имаше и ставови, коишто неговата соговорничка ги изнесуваше, и јасно кажуваше дека таа е тетовирана и според тоа била осудувана. Еве, јас сум тетовирана, цела сум тетовирана... обожавам тетоважи. Имам 10.00 просек на факултет, од прво одделение до четврта средно бев 5.00. Имам завршено мастер, имам завршено факултет, имам свој бизнис, имам брак, маж, имам фамилија којашто ме обожава. Имам сé. Едноставно животот ништо не ми одземал за тоа што имам тетоважи, или пирс на нос, или не знам, не можам да родам дете.
Сестра ми е тетовирана. Сестра ми е ученик на молекуларна биологија на ПМФ, со 5.00 од прво до четврта средно. Не разбирам како тоа жена да е тетовирана или да се изразува себеси на различен начин од оној шаблон што треба да се изразува е осудувана. Зошто?
Не ми се јасни и коментарите на оние коишто го поддржуваат. Дали воопшто сфаќаат што кажуваат неговите ставови... Апсурд е во 2026 година жените уште да бидат осудувани и за нив да биде размислувано на овој начин.
Едноставно ме фрустрира ова. Јас сум научила да се носам со тоа што не можам да имам дете, мојот партнерот го прифатил тоа и е среќен со мене и го кажа тоа јавно. Марио кога го кажа јавно неговото размислување и неговиот став колку ме почитува и сака, и дека тоа што јас не можам да родам дете не му е него проблем во животот и дека ќе ме сака без разлика на сé, Марио стана херој. Тоа беше табу тема, не беше сфатливо за луѓето како тоа еден маж ја почитува и кажува колку ја почитува својата жена. Нели мислите дека е време да го промениме тоа?
Не сте свесни колку приказни добив од девојки коишто се плашеле да зборуваат јавно, да кажат на своите родители, се плашат дали ќе најдат партнер што ќе ги прифати. Нели мислиме дека е малку ненормално во денешно време, со сите можности што ги нуди ова денешно време, уште да размислуваме на овој начин?
Можеби треба повеќе да се зборува на оваа тема.
Сакам да кажам уште нешто многу битно... за ставот којшто го кажав дека мајчинството не е само да се роди бебето и да се износи во стомак, туку е сè после тоа, бев нападната на Facebook. Јас на тоа жена да износи бебе во стомак, да го донесе на овој свет, тој чин му се восхитувам максимално, за мене тоа е светско чудо и капа доле на секоја жена што го прави тоа.
Меѓутоа мојот став беше дека не е само да го родиш и толку, ти си мајка. Туку е сè што ти ќе му дадеш на тоа дете откога ќе го родиш, или без разлика, јас којашто не можам да го родам, сé што ќе му дадам на тоа дете, тоа ќе ме направи негова мајка. Има многу мајки коишто го раѓаат детето и потоа не му даваат ништо што е потребно за тоа дете утре да ја нарече мајка.
@icydorahh Sepak resiv sega da go postiram sto mislime ? #fyp ♬ original sound - Icy
@stefanlazarov Miroljub Petrovic: U slucaj da ti nemozes da budes majka, dali se slazes da ostanes da zivis samnom u kuci, a da ja dovedem drugu zenu koja ce moci da radja… #fyp #tarasimov #miroljubpetrovic #lazarovpodcast ♬ original sound - Stefan Lazarov
Кога Марио Јелиќ-Кун јавно проговори дека Исидора не може да забремени, но дека би останал со неа дури и ако нема деца, стопи илјадници срца. Многумина беа одушевени од неговата силна љубов, почитта и разбирањето, а охрабри и многу парови кои се соочуваат со пречки во создавањето на семејство.
Марио и Исидора стапија во брак во септември оваа година.
