Кристијано Роналдо најверојатно ги прекрши рестриктивните мерки наметнати од пандемијата со коронавирусот и моментално е под истрага.
Португалскиот фудбалер, кој живее со семејството во Италија, отпатува со неговата свршеница Џорџина Родригез во ски ресорт во Аостинска Долина, за да го прослават нејзиниот роденден.
27-годишниот модел сподели видео од забавата на снегот на социјалните мрежи и со тоа поттикна истрага од страна на надлежните органи.
Видеото подоцна беше избришано од Џорџина, но „кружи“ на Instagram, а двојката се врати да го продолжи славењето во Торино, Пиемонт.
Со оглед на тоа што патувањето помеѓу „портокалови зони“, како регионите Пиемонт и Аостинска Долина е забрането со цел спречување на ширењето на коронавирусот, се претпоставува дека Роналдо ќе биде казнет. Исклучоци се дозволени само за преместување во втор дом или за работни ангажмани.
Кристијано и Џорџина објавија и фотографии од роденденската прослава со четирите деца, како и видео од романтично, ноќно капење.






