Близнаците на Кристијано Роналдо порано го прославија својот 6-ти роденден.
Иако Матео и Ева се родени на 8 јуни, нивните родители веќе им организираа забава за најблиските.
38-годишниот фудбалер и неговата 29-годишна девојка споделија фотографии од веселбата. На нив, гордите родители позираат покрај двајцата славеници, нивниот постар брат Кристијано Џуниор и нивната помала сестричка Алана Мартина.
„Тато се гордее со вас“ – напиша Роналдо во пораката со честитки за децата.





Парот има уште една ќерка, Бела Есмералда која се роди во април минатата година. За жал, нејзиниот брат близнак почина по раѓањето.
Семејството во моментов живее во Саудиска Арабија.
