Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кристина Агилера доби своја ѕвезда во Холивуд

Кристина Агилера доби своја ѕвезда во Холивуд

Вчера Кристина Агилера доби своја ѕвезда на Холивудската патека на славните. Таа ја доби точно 2423-тата ѕвезда и се нареди до најпознатите имиња во Холивуд.

Ѕвездата на Кристина АгилераЅвездата на Кристина Агилера

Облечена во бел фустан на Dior и чевли на Christian Louboutin со леопардски принт во комбинација со накит на Neil Lane, Кристина гордо го прими признанието.

Во својот говор таа им се заблагодари на своите обожаватели: „Работев многу напорно за овој момент и сакам да ви се заблагодарам што ми дадовте можност да го споделам со сите вас. Ве сакам“.

29-годишната пејачка има продадено над 46 милиони албуми ширум светот и е една од најдобро продаваните музички ѕвезди на сите времиња. Неодамна таа ја потврди разделбата со нејзиниот сопруг Џордан Братман со кој го има двегодишниот син Макс.

Кристина Агилера Кристина Агилера

Најново од Кристина е новиот филм „Burlesque“ чија премиера е на 24-ти овој месец.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.