Кристина Агилера ја покажа својата витка фигура на новогодишниот концерт во Лас Вегас.
43-годишната пејачка доби многу комплименти за изгледот откако долги години се бореше со вишокот килограми.
На најновото шоу, музичката ѕвезда промени неколку атрактивни костими додека ја забавуваше публиката.






Агилера ја зголеми својата телесна тежина по двете бремености, како и по тешките моменти по разводот од Џордан Братман во 2010 година.
Второто дете Кристина го роди во 2008 година и успеа да ослаби две години по породувањето, но по разводот, нејзината тежина повторно се зголеми.
Во февруари 2012 година, Кристина призна дека е среќна со изгледот на своето тело. „Го сакам моето тело. Мојот партнер го сака моето тело. Син ми е здрав и среќен, тоа е сè што ми е важно“ – рекла таа.






Сега, Агилера се придржува кон здрава и балансирана исхрана и строга физичка активност.
Погледнете ги останатите костими од новогодишното шоу на Агилера:









