Криси Тиген беше избрана од уредниците на списанието People да го краси изданието посветено на убавината.
35-годишниот модел позираше со двете неодоливи деца – четиригодишната Луна и двегодишниот Мајлс.

Коментирајќи го начинот на воспитување на нејзините малечки, таа вели: „Јас сум отворена, со слободен дух и сакам децата да бидат деца. За нас, љубезноста е нешто многу важно. Кога ќе ги сретнеш нашите деца, тие се многу топли и пријателски настроени. Ги внесуваш тие нешта во нив, но во најголем дел од времето, ги оставаш да бидат креативни и љубопитни човечки суштества.“



Криси се отвори и за силната љубов кон сопругот Џон Леџенд со кого е во врска од 2006 година и за очекувањата за иднината. „Мислев дека знам сè за Џон и тогаш добивме деца. Прекрасно е кога го гледам како се грижи за нив. Кога го гледам мојот партнер како татко, навистина е неверојатно... Едвај чекам да го видам Џон со коса ‘сол и бибер’, а јас до него со мојата сребрена коса. Се надевам дека нашите деца ќе бидат од тој тип што ќе доаѓаат секој викенд на вечера во недела. Тоа би било многу значајно за мене. Ќе сум среќна да го гледам моето семејство околу иста маса“ – рекла таа во интервју за списанието.