Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Криси Тиген се породи, со Џон Леџенд го добија второто дете

Криси Тиген се породи, со Џон Леџенд го добија второто дете

Криси Тиген и Џон Леџенд му посакаа добредојде на овој свет на своето второ дете. 32-годишниот модел на Twitter сподели дека роди момче, но сè уште не е откриено името на новороденчето.

Кристи Тиген и Џон Леџенд

Славниот пар има и 2-годишна ќеркичка која се вика Луна.

Кристи Тиген и Џон Леџенд Кристи Тиген и Џон Леџенд

Криси и Џон долги години се бореа со неплодност. Тие се обидувале да имаат бебе ДЕВЕТ години пред да ја добијат Луна благодарение на ин витро оплодување.

Јасно беше дека второто дете на парот ќе биде момче, бидејќи Криси јавно објави дека полот на првото бебе го избрала сама и дека за второто им останал машки ембрион.

„Реков дека следното бебе ќе биде машко, бидејќи таков е ембрионот кој ни останува. Момче. Да“ – напиша таа на почетокот од втората бременост на Twitter.

Кристи Тиген и Џон Леџенд Кристи Тиген и Џон Леџенд Кристи Тиген и Џон Леџенд

Џон и Криси се верија во декември 2011 година, а стапија во брак во септември 2013 година.

Криси Тиген и Џон Леџенд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.