Криси Тиген присуствуваше на настан во Лос Анџелес со своите две деца Луна и Мајлс.
36-годишната сопруга на пејачот Џон Леџенд го покажа трудничкото стомаче додека позираше заедно со ќеркичката и синчето на „Gabby’s Dollhouse Cat-mas Spectacular“. Тиген носеше краток црн топ и сиви панталони, а 6-годишната Луна изгледаше модерно во комбинација со кожено здолниште.






