За својот албум „Bigger Love“, Џон Леџенд се закити со златен грамофон за Најдобар R&B албум на Греми 2021 година.
Никој не беше посреќен за неговиот успех од сопругата Криси Тиген. Парот во домашна атмосфера ја следеше манифестацијата на која се доделуваа Греми наградите, а потоа се упати на вечера за да прослави за наградата на Леџенд.
На папараци фотографиите, 34-годишниот модел носи кратко кадифено фустанче од колекцијата есен/зима 2019 на Оскар де ла Рента.




За домашната забава, Криси избра црна креација од колекцијата есен/зима 2020 на Кристијан Адневик и сандали од Џузепе Ѕаноти.




