Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Крис Браун низ солзи се обиде да пее за Мајкл Џексон

Крис Браун низ солзи се обиде да пее за Мајкл Џексон

Крис Браун, Алиша Кис и Еминем ја освоија публиката на вчерашното доделување на BET (Black Entertainment Television) наградите во Лос Анџелес.

Најзапаметена сепак ќе остане емоционалната изведбата на Крис Браун. 21-годишната ѕвезда не успеа да ги задржи солзите за време на настапот во чест на неговиот најголем идол Мајкл Џексон.

Крис Браун облечен како Мајкл играше на сцената на незаборавните хитови Remember the Time, Smooth Criminal и Billie Jean, но кога на крајот требаше да ја испее Man In The Mirror, зборовите му застанаа во грлото и низ солзи се бореше да остане исправен на сцената.

Крис БраунКрис Браун настапил вчера во Лос Анџелес во чест на Мајкл Џексон

Публиката воодушевена од неговиот настап громогласно му аплаудираше додека Крис ја напушташе сцената.

Освен Крис, многу други ѕвезди како Еминем, Кени Вест, Ашер, Black Eyed Peas, Алиша Кис, Џон Леџенд и Квин Латифа ја збогатија програмата на свечената манифестација.

Меѓу наградените беа Алиша Кис – за најдобар женски R&B изведувач, Ники Минаж – за најдобар нов изведувач, Моник – за најдобра актерка и Дрејк – најдобар машки хип хоп изведувач. За најдобра соработка беше прогласена соработката на Алиша и Џеј Зи за песната Empire State of Mind, а за најдобар спот на годината – спотот на Лејди Гага и Бијонсе за песната Video Phone.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.