Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Крис Браун призна дека е заљубен во Ријана

ВИДЕО: Крис Браун призна дека е заљубен во Ријана

Драмата околу љубовниот триаголник меѓу Крис Браун, Ријана и Каруше Трен продолжува. Во новото видео „The Real Chris Brown“ Крис зборува отворено за своите вистински чувства кон Ријана.

„Кога имаш минато со некого, а потоа се вљубуваш во некој друг, тешко е. Има ли такво нешто како да сакаш две личности? Не знам дали тоа е можно, но за мене, јас се чувствувам токму така“ – вели Крис.

Во видеото Ријана и Крис се прегрнуваат во ноќен клуб, но исто така се прикажани снимки на кои Крис е со девојката на која ѝ раскина вчера.

Ријана и КрисРијана и Крис се прегрнуваат во ноќен клуб

По објавувањето на видеото, Трен, очигледно вознемирена, напиша на Twitter: „Што се случува тука? Само сакам да кажам... Не треба да си играш со вистинските чувства на луѓето. Едноставно не треба! Животот продолжува понатаму.“

Вчера Крис соопшти дека ја прекинува врската со Каруше, поради пријателството со Ријана. Сепак, речиси е сигурно дека Крис и Ријана повторно се повеќе од пријатели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.