Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана сака повторно да зборува со Крис Браун

Ријана сака повторно да зборува со Крис Браун

Бруталниот напад на Крис Браун врз Ријана беше една од најозборуваните теми во шоу-бизнисот оваа година. И додека тој напад создаде негативни емоции кај многу луѓе, Ријана сè уште тврди дека не го мрази своето поранешно момче.

Во интервју за списанието Glamour таа изјави и дека би зборувала повторно со него. Во моментот на Крис Браун му е забранет секаков контакт со младата пејачка.

„Не можам да си замислам никогаш да не зборувам со него. Тука има емоција.“

Ријана уште и призна дека се чувствувала засрамена за тоа што му се вратила на Крис кратко по нечовечкиот напад, кој се случи во февруари оваа година.

Се срамам за тоа што се заљубив во таква личност. Тој беше мојата прва голема љубов и колку повеќе се сакавме, толку поопасни станувавме еден за друг.

Ријана

На прашањето зошто повторно се вратила кај него, Ријана одговорила: „Љубовта не си заминува лесно“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10385 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.