Кристијано Роналдо сподели фотографии со синот кој го носи неговото име.
40-годишниот фудбалер и Кристијано Роналдо Џуниор ги покажаа мускулестите тела за објавата која стана хит. На фотографиите таткото и синот позираат еден покрај друг носејќи само шорц без маица.
„Каков татко, таков син“ – стои во описот на објавата која за само еден ден има над 15 милиони лајкови.


Роналдо, кој е висок 187 сантиметри, објасни дека му недостасуваат уште 2 сантиметри на Џуниор за да ја достигне неговата висина.

Џуниор, кој наскоро ќе наполни 15 години, ги следи стапките на татко си во фудбалот. Тој настапува за португалската репрезентација У15, а минатиот месец со неговиот тим станаа шампиони на интернационалниот турнир „Влатко Марковиќ“ во Хрватска. Интересно е што на неговиот дрес го носи истиот број како татко му – 7.


Фудбалерот го доби синот Кристијано Џуниор во јуни 2010 година. Никогаш не беше откриен идентитетот на мајката.
