Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Кралицата на Божиќ“: Мараја Кери со 12-годишните близнаци во празнична кампања

„Кралицата на Божиќ“: Мараја Кери со 12-годишните близнаци во празнична кампања

Мараја Кери повторно нè потсетува дека наближува празничната сезона.

54-годишната пејачка ја сними првата божиќна кампања со своите 12-годишни близнаци Морокан и Монро. Тие позираа во координирана празнична облека за компанијата „The Children's Place“.

Мараја Кери со децата Мараја Кери со децата Мараја Кери со децата

Црвениот фустан од рекламните фотографии е дизајниран од самата Мараја и чини околу 150 долари. „Фустанот е навистина магичен. Сакав да биде елегантен, голем црвен балски фустан со многу волумен“ – објаснила Кери.

Мараја Кери со децата Мараја Кери со децата

Мараја вели дека ова била совршената кампања за неа, затоа што очигледно е колку многу го сака Божиќ.

„Празниците се за семејството – поминување време едни со други и создавање спомени кои ќе траат цел живот. Празничните традиции се значајни во нашиот дом. Нема ништо послатко од печење божиќни колачиња и гушкање околу каминот во исти пижами од The Children’s Place“ – стои во пораката на музичката ѕвезда.

Мараја Кери со децата Мараја Кери со децата Мараја Кери со децата Мараја Кери со децата Мараја Кери со децата

Мараја неретко е нарекувана „кралица на Божиќ“, поради успехот кој го постигна со песната „All I Want For Christmas is You“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.