Деми Мур сподели фотографии од неодамнешно патување до реката Колорадо и доби бројни комплименти за изгледот.
60-годишната актерка ја покажа одличната фигура во црни бикини додека позираше под водопад и со пријатели. Нејзините фанови не пропуштија да ја пофалат за младоликиот изглед.



„Неверојатна Деми, која е твојата тајна за да останеш толку млада и убава.“
„Константно изгледа неверојатно. И среќно.“
„Деми е во најдобрата возраст за да се забавува и да изгледа ПРЕКРАСНО.“
„Неверојатна си“ – се само дел од коментарите.




Деми има три пораснати ќерки од бракот со Брус Вилис, а зад себе има уште два други брака. Таа сè уште одржува пријателски односи со Брус, кој сега се соочува со деменција.

