Кортни Кардашијан е бремена со своето четврто дете. 44-годишната ѕвезда од „The Kardashians“ го очекува првото заедничко дете со сопругот Тревис Баркер.
Среќната вест Кортни му ја соопшти на Тревис сред негов концерт со Blink-182 во Лос Анџелес. Таа се појави во публиката со транспарент на кој пишуваше „Тревис, бремена сум!“.



До пред повеќе од една година, Кортни и Травис се обидуваа да добијат дете со ин витро оплодување, но мораа да прекинат поради здравствени причини.
Сега, парот уште повеќе се радува на убавата вест за проширување на семејството.

Кортни има три свои деца со поранешниот партнер Скот Дисик, а Тревис има три деца од бракот со Шана Моаклер - ќерката Алабама, синот Ландон и поќерката Атијана.





