Откако имаа „пробна венчавка“ во Лас Вегас, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално стапија во брак во Санта Барбара.
43-годишната риалити ѕвезда и 46-годишниот тапанар споделија фотографии од свадбениот албум со своите Instagram следбеници. Невестата носеше корсет фустан од Долче и Габана.
„Додека смртта не нè раздели“ – напишаа тие во описот.








На церемонијата присуствувале неколку блиски пријатели и членови на семејството.
„Тие требаше легално да се венчаат пред нивната голема италијанска свадба, која ќе се случи наскоро. Сите детали се веќе договорени и целото семејство, вклучително и децата, се многу возбудени“ – изјавил извор близок на парот за People.




Корни и Тревис се верија во октомври 2021 година, а имаа неофицијална венчавка во Лас Вегас по манифестацијата „Греми 2022“.
Кардашијан е мајка на три деца од бракот со Скот Дисик, а Тревис има две деца од претходен брак.
