Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се верија. 45-годишниот тапанар од Blink-182 ја запроси 42-годишната реалити ѕвезда на плажа во Калифорнија.
Познатиот музичар ја одведе Кортни сред огромно срце од рози и клекна на едно колено, поставувајќи ѝ го судбоносното прашање. Таа, одговори „ДА“.
На социјалните мрежи тие објавија моменти од запросувањето и прославата со нивните семејства.

Погледнете го дијамантскиот прстен:

KRAVIS FOREVER @kourtneykardash @travisbarker pic.twitter.com/gymsssnMFr
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) October 18, 2021




Во декември минатата година за првпат се појавија гласини за врската на Кортни со Тревис, која тие ја потврдија на почетокот од оваа година.
Ова е трет брак за Тревис, а прв за Кортни. Таа има три деца од врската со Скот Дисик.