Кортни Кардашијан и Тревис Баркер изненадија со свадба во „Лас Вегас стил“.
По завршувањето на церемонијата по повод доделувањето на наградите Греми, парот се упатил кон капела во Градот на гревот и се заколнал на вечна љубов.


Сè уште не е познато дали тие имале добиено дозвола за брак, па не е јасно дали брачната заедница е законска.
Според информации до кои дојдоа странските медиуми, Кортни и Тревис побарале да ги венча имитатор на Елвис Присли и не дозволиле да ги фотографира никој друг освен неколкуте придружници од нивниот тим.
Двојката објави дека е во врска во јануари минатата година, а се вери изминатиот октомври.



Ова е прв брак за 42-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“, која има три деца од врската со Скот Дисик, а трет за 46-годишниот тапанар, кој има две деца од бракот со Шана Моклер.