Кортни Кардашијан и Тревис Баркер по третпат се заколнаа на вечна љубов на церемонија во замок во Портофино, Италија.
43-годишната риалити ѕвезда избра краток бел фустан од Долче и Габана, кој го надополни со рачно изработен драматичен вел со ликот на Богородица. И костумот на 46-годишниот тапанар доаѓа од италијанската модна куќа, во чија сопственост е вилата L’Olivetta, каде се одржуваше забавата.
Парот сподели фотографии на кои се бакнува пред олтарот.















Целото нивно семејство и најблиските пријатели присуствуваа на свадбата.











Ова му е трет брак на Тревис, а прв на Кортни, која претходно беше во долга врска со Скот Дисик со кого има три деца.