Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кит Харингтон е на рехабилитација: Ѕвездата од „Game Of Thrones“ на третман поради стрес и алкохол

Кит Харингтон е на рехабилитација: Ѕвездата од „Game Of Thrones“ на третман поради стрес и алкохол

Кит Харингтон е на рехабилитација поради проблеми поврзани со стрес и консумирање алкохол. Веста прво ја пренесе Page Six, а подоцна беше потврдена од претставник на актерот.

32-годишниот актер, кој осум години ја имаше улогата на Џон Сноу во „Game Of Thrones“, се пријавил на рехабилитација во луксузниот здравствен центар „Prive-Swiss“ во Конектикат неколку недели пред премиерата на финалната епизода од серијата.

Кит Харингтон

Според информациите, завршувањето на серијата била причината за големиот стрес кој го доживеал британскиот актер. Харингтон поминува низ третман со медитација и когнитивно бихејвиорална терапија, пред сè поради стрес и истоштеност, но исто така поради консумирање алкохол.

„Кит одлучи да ја искористи празнината во неговиот распоред како можност да помине време во велнес центар за да поработи на некои лични проблеми“ – рекол претставник на актерот.

Кит Харингтон Кит Харингтон

Неговата сопруга Роуз Лесли, со која заедно глумеа во серијата, му давала огромна поддршка.

„Неговата сопруга Роуз му дава огромна поддршка. Сите негови блиски навистина сакаат тој да се одмори. Во моментов, него му се потребни само мир и тишина“ – рекол извор близок до актерот.

Кит Харингтон Кит Харингтон

Кит со солзи во очите го заврши снимањето на серијата.

Видеа од читањето на сценариото и снимањето на последната сцена на Кит:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.