Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ким Катрал: „Јас сум фамилијарен тип“

Ким Катрал: „Јас сум фамилијарен тип“

Ким Катрал

Незаменливата актерка Ким Катрал, позната од хит серијата „Сексот и градот“, нема ништо заедничко со ликот на либералната и скандалозна Саманта.

Катрал, која во јули излезе од петгодишна врска, признава дека е многу неуверена во себе, дека никогаш не би му пришла на некој маж и дека не може да разбере како некои жени го прават тоа.

„Никогаш не би можела да одам во бар само за да соберам маж – тоа е премногу чудно за мене. Јас сум тотално неуверена во себе. Тоа е предаторско однесување, а јас не се сметам за предатор.“ – изјави Ким за Dailymail.

Актерката која остави многу мажи и жени со подзината уста, се опишува себе си како фамилијарен тип. Таа иако нема свои деца, смета дека една жена може да биде мајка на различни начини. Ким е многу блиска со своите внуки и внуци.

Во истото интервју таа уште еднаш ги коментираше гласините дека воопшто не се согласува со Сара Џесика Паркер. Нејзиното мислење е дека создавањето на такви шпекулации носи профит и затоа некои ги измислуваат.

„Луѓето не сакаат да веруваат дека јас и Сара се сложуваме. Вистината е дека тоа што сме пријателки, што се сложуваме и што среќно си ја работиме работата воопшто не е некоја вест.“

Во моментов популарната актерка се наоѓа во Мароко, каде што снима сцени од новото продолжение на долгометражниот филм „Сексот и градот“, кое треба да се појави во мај 2010 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11150 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.