Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ким Кардашијан и Кание Вест го добија четвртото дете со помош на сурогат-мајка

Ким Кардашијан и Кание Вест го добија четвртото дете со помош на сурогат-мајка

Семејството Кардашијан се прошири за уште еден член.

Ким Кардашијан и Кание Вест станаа родители на син роден со помош на сурогат-мајка.

38-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ и 41-годишниот пејач биле во болницата додека родилката се породувала со нивното бебенце.

Веста ја објави Ким, која твитна: „Тој е тука и тој е совршен. Исто така, тој ѝ е близнак на Чикаго. Сигурна сум дека ќе се промени многу, но сега е ист како неа.“

Вчера, Кортни Кардашијан сподели дека бебето е на пат за време на нејзиното гостување во шоуто на Елен Деџенерис.

Во јануари минатата година, парот ја доби и ќеркичката Чикаго со помош на сурогат-мајка. Ким и Кание се родители и на ќерката Норт, која наскоро ќе наполни 6 години и на 3-годишниот син Сент. Ким имаше компликации во текот на втората бременост и докторите ја советуваа дека третата бременост би била премногу ризична за неа. Поради тоа, таа се одлучи да го проширува семејството преку сурогат-мајка.

Кардашијан Кардашијан Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Славната двојка стапи во брак во 2014 година.

Ким Кардашијан Кардашијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.