Кетрин Зета-Џонс шармираше на премиерата на новата серија за мрачното семејство Адамс во Лос Анџелес.
На прикажувањето на „Wednesday“, 53-годишната актерка носеше долга бела креација од дизајнерот со македонско потекло Тони Матичевски.



Кетрин, која ја има улогата на мајката Мортиша Адамс, позираше и со своите колеги од новата серија, во чиј фокус е средношколскиот живот на Венсдеј. Главната улога во серијата ја има Џена Ортега, нејзиниот брат ќе го глуми Исак Ордонез, а ликот на таткото ќе го портретира Луис Гузман.






Кристина Ричи, која во филмот „The Addams Family“ ја глумеше Венсдеј, сега ја има улогата на Мерилин Торнхил.

