Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кетрин Зета-Џонс пет дена престојувала во психијатриска болница

Кетрин Зета-Џонс пет дена престојувала во психијатриска болница

Изминативе неколку дена актерката Кетрин Зета-Џонс ги поминала во психијатриска болница за да се лекува од биполарно растројство.

Нејзиниот претставник за односи со јавноста ја потврдил веста и објавил дека 41-годишната актерка решила да се лекува по големиот стрес што го доживеала поради мачната битка на Мајкл Даглас со ракот на грлото.

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-ЏонсМајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс на „Златен глобус“ 2011

Списанието People објави дека Кетрин поминала 5 дена во установа за лекување, но сега веќе е дома и подготвена да се посвети на својата работа.

„Таа се чувствува одлично и со нетрпение очекува да започне со работа на нејзините два нови филма во текот на оваа седмица“ – изјавил нејзиниот претставник.

„Нема сомневање дека ова беше стресна година. Кетрин мораше да го носи товарот на болеста на Мајкл и тоа ѝ беше многу тешко. Таа отиде неколку дена (во установата) затоа што сакаше да започне да работи и сакаше да се увери дека е во топ форма, како што е“ – изјавил близок на семејството.

Биполарното растројство е заболување кое се состои од две фази, манија (хиперактивност, радост) и депресија (пасивност, тага, очај), кои периодично се менуваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.