Карис Даглас наполни 20 години. Ќерката на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас доби прекрасни честитки од своите родители.
Холивудките актери објавија слатки видеа за специјалниот ден на нивната порасната принцеза.
„На денешен ден, пред 20 години мојата ќерка Карис дојде во мојата прегратка и нема ден да не го ценам тоа. Среќен роденден прекрасна дамо“ – напиша Кетрин, а Карис ѝ возврати „Благодарам Мамо. Те сакам многу – ти благодарам што си прекрасна мајка сите овие 20 години“.

„На мојата драга ќерка Карис, ти посакувам среќен среќен роденден! Сега, кога ги напушташ твоите тинејџерски години, нека ова биде прекрасна Нова Година за тебе мила. Те сакам, Тато“ – е пораката на Мајкл.


Карис е второто дете на Кетрин и Мајкл. Тие се родители и на 22-годишниот Дилан.


