Кевин Костнер се разведува по 18 години брачен живот.
Неговата сопруга Кристин Баумгартнер поднесе документи за развод и побара заедничко старателство за нивните три малолетни деца.



Пред шест месеци, Кристин побарала од Кевин да се откаже од снимањето на ТВ серија „Yellowstone“ затоа што неговиот распоред за снимање влијаел на нивното семејство. Во документите се вели дека нивните „ненадминливи разлики“ се причината за разделбата.
68-годишниот актер прифатил и нов филмски проект во кој ќе има улога на режисер, продуцент и актер со распоред за снимање од 220 дена.
Неколку часа пред поднесувањето на документите за развод, тој се фотографирал прегрнат со две жени во Лас Вегас.


Кевин и Кристин започнаа да се состануваат во 2000 година, а стапија во брак четири години подоцна. Нивните синови се родени во 2007 и 2009 година, а нивната ќерка во 2010 година. Тој има уште три други деца од претходниот брак.





