Кајли Џенер присуствуваше на отворањето на изложба на која се прикажува делото на дизајнерот Тиери Муглер.
25-годишната бизнисменка и риалити ѕвезда носеше црна припиена креација од високата мода на покојниот француски дизајнер, која ѝ ја истакна фигурата како песочен часовник. Највпечатливиот елемент од стајлингот на Кајли беше големата дијамантска круна на главата.












Изложбата „Mugler Couturissime Exhibition“ ја прикажува еволуцијата на модните дизајни на Муглер, но и неговите лични интереси и хобија. Тој почина во јануари оваа година.
