Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каролина, Елена, Тамара, Антониа... Славните на концертот на Влатко Лозаноски во Скопје

Каролина, Елена, Тамара, Антониа... Славните на концертот на Влатко Лозаноски во Скопје

Влатко Лозаноски - Лозано синоќа го одржа својот прв солистички концерт во Скопје. Во „Вип Арена“, одекнуваа неговите музички дела, а целата публика уживаше во маестралната изведба на македонскиот пејач.

Од публиката, концертот го следеа бројни славни личности меѓу кои и Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Антониа Гиговска, Дарко Димитров, Весна Петрушевска, Роберт Билбилов и Димитар Андоновски.

Влатко доби многу комплименти за прекрасниот концерт.

„Честитки за Влатче Lozano - Vlatko Lozanoski! Прекрасен концерт!“ – напиша Каролина, која носеше накит од италијанскиот бренд Rebecca. „Одличен концерт мил Влатче“ - напиша Елена во описот на фотографија.

Лозано концерт Лозано концерт

Специјални гости беа браќата Мартин и Стефан од Next Time и композиторот и музичар Никола Мицевски.

„Да се заблагодарам уште еднаш на сите кои присуствуваа на вчерашниот концерт, сите кои учествува во него и кои го направија да биде исполнет со многу љубов, еуфорија, измeшани емоции, за прекрасната енергија која се пренесуваше од еден на друг... Дефинитивно 'овој концерт ќе се памти', а јас сум најсреќниот човек што Ве имам сите покрај мене. Ова се само неколку изминати 'Километри' од тоа што ќе следи од нас, имаме да Ви подариме уште многу љубов и музика што сакаме да ја споделиме со Вас. Се гледаме во следната епизода“ - вака Влатко им се заблагодари на своите фанови.

Слушнете како звучеа хитвите „Километри“ и „Јако Јако“:

„Многу љубов, многу емоции и многу среќа преточени во преубава атмосфера го одбележаа првиот голем концерт на Lozano - Vlatko Lozanoski вчеравечер во ВИП Арената.“

„Насмеани лица од сите генерации ги пееја неговите хитови во еден здив, а тоа е доволен показател дека Лозано може и тоа како да полни големи сали! Браво Влатко, сосема заслужено беше сè она вчера што се случи!“ – напишаа од Авалон кои се заслужни за организацијата на концертот.

Лозано концерт Лозано концерт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11101 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.