Каролина Гочева е посветена и горда тетка. Македонската пејачка не го пропушти роденденот на поголемата внука Луција и ѝ го честиташе со објава на Instagram.
43-годишната ѕвезда објави фотографии од роденденската прослава која се одржа на плажа и во описот напиша: „Среќна 12-ка, тетина прва љубов“.
На фотографиите, Каролина носи долг црвен фустан и бели патики, додека слатката Луција е облечена во бела комбинација.



Луција и Инес се ќерки на нејзината сестра Сандра.