Животот на Дејвид Бекам ќе биде раскажан во новата серија „Beckham“ на Netflix.
Епизодите ќе излезат на 4 октомври на познатата платформа, а деновиве беше објавен официјален трејлер кој ни дозволува да ѕирнеме што ќе се прикажува и открива во серијата.
„Никогаш не ми одеше добро во школо, бидејќи сè што сакав беше да играм фудбал“ – изјавува поранешниот фудбалер.
Неговата мајка Сандра искрено признава дека биле загрижени дека Дејвид ќе ја запостави кариерата по започнувањето на врската со Викторија. „Бевме загрижени дека ќе изгуби сè за што работеше, бидејќи фудбалот секогаш му беше на прво место, а потоа одеднаш не му беше“ – вели таа.
Во видеото, Викторија откри дека менаџерите во почетокот ги советувале да ја држат врската подалеку од будното око на медиумите, па затоа се состанувале на потајни места.
Погледнете го трејлерот:







