Крис Еванс заплива во брачните води.
42-годишниот актер, познат по улогата на Капетан Америка во филмовите на Марвел, викендов стапи во брак со актерката Алба Баптиста. Парот се заколна на вечна љубов на приватен имот во Масачусетс.


Наводно, младенците побарале од гостите и од вработените да потпишат договор за доверливост и да не ги користат телефоните.


Роберт Дауни Џуниор и Сузан, Крис Хемсворт и Елса Патаки, Џереми Ренер, Џон Красински и Емили Блант биле меѓу славните гости на свадбата.


Во ноември 2022 година беше откриено дека Крис и Алба се состанувале повеќе од една година.

