Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кание Вест напиша песна за Тејлор Свифт

Кание Вест напиша песна за Тејлор Свифт

И покрај тоа што помина скоро една година откако за прв пат ѝ се извини на Тејлор Свифт за скандалот на доделувањето на MTV VMA наградите, Кание Вест не престанува да покажува колку сака да му биде простено.

Преку Twitter, Кание соопштил дека напишал песна за Тејлор и дека ако таа не сака да ја прифати, тој ќе ја изведе за неа.

Кание Вест и Тејлор СвифтКание Вест и Тејлор Свифт на доделувањето на MTV VMA минатата година

„Напишав песна за Тејлор Свифт која е многу убава и сакам таа да ја има. Ако не сака да ја прифати, тогаш јас ќе ја изведам за неа“ – напишал познатиот рапер.

„Таа го заслужува моето извинување повеќе од било кој. Не знаеше што ѝ се случи. Таа е само мало девојче со соништа како сите нас“ – продолжил Кание.

Дали Кание го прави сето ова само за да му биде простено или пак ова е негов обид да си ја врати популарноста, не се знае. Можно е разврската и реакцијата на Тејлор да ги видиме на овогодинешното доделување на MTV VMA кое ќе биде на 12-ти септември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.