Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каков татко, таков син: Рафаел Надал со малото синче кое си игра со мини рекет во Австралија

Каков татко, таков син: Рафаел Надал со малото синче кое си игра со мини рекет во Австралија

Рафаел Надал има свој наследник. Во Бризбејн, славниот тенисер беше фотографиран со малото синче кое си играше со мини тениски рекет и се претпоставува дека кога ќе порасне, ќе ги следи стапките на својот татко.

На слатките фотографии, Надал е со едногодишното детенце, кое го носи неговото име. Заедно со нив уловен и таткото на Надал – Себастијан.

Рафаел Надал Рафаел Надал Рафаел Надал Рафаел Надал Рафаел Надал

Во Австралија, 37-годишниот спортист заигра на АТП турнирот и беше елиминиран во четвртфиналето. Пред да започне Австралија Опен, тој направи испитувања кои покажаа нова повреда и тој одлучи да се повлече од првенството.

За среќа, оваа повреда е помалку сериозна од онаа што ја доживеа минатата сезона.

„За време на мојот последен меч во Бризбејн, имав мал проблем со мускулите кој ме загрижи. Кога дојдов во Мелбурн имав шанса за испитувања, па откривме поткинување на мускул. Сепак, добра вест е дека не е делот којшто ми беше повреден.“

„Во моментов не сум целосно подготвен на максимално ниво за да играм мечеви во пет сета. Поради тоа, се враќам во Шпанија кај својот доктор за да добијам терапија и одмор.“

„Работев напорно за овој кам-бек, сакав да бидам на врвно ниво. Навистина сум тажен што нема да играм пред одличната публика во Мелбурн. Имав шанса да играм неколку мечеви во Австралија, а тоа е позитивно. И покрај лошите вести, останувам позитивен во однос на продолжението на сезоната“ – напиша Надал на социјалните мрежи.

Малиот Рафаел е единствено дете на Надал и неговата сопруга Марија Франциска Перељо. Тие стапија во брак во октомври 2019 година, а нивното синче се роди на 8 октомври 2022 година.

Рафаел Надал Рафаел Надал Рафаел Надал

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26875 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.