Дизни ни дава можност да ѕирнеме во филмската верзија на „The Little Mermaid“ преку ново видео.
Актерката Хели Бејли, која ја глуми Ариел, ја пее мегапопуларната „Part of Your World“.

Видео
23-годишната актерка е неконвенционален избор за улогата на Ариел, пред сè поради бојата на кожата, но токму тоа е причината што од многу фанови беше дочекан со одушевување.
„Многу сум возбудена за мојата верзија од филмот, затоа што дефинитивно ја променивме онаа нејзина перспектива да сака да го напушти океанот за момче. Сега е многу повеќе од тоа. Се работи за неа, за нејзината животна цел, нејзината слобода, нејзиниот живот и она што таа го сака“ – изјави Хели.

Џона Хауер Кинг ќе влезе во улогата на принцот Ерик, Хавиер Бардем ќе се претвори во Кралот Тритон, а Мелиса Мекарти ќе биде злобната Урсула.



Погледнете го и тејлерот:
Филмот ќе започне да се прикажува од 26 мај.