Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Италијанскиот победник на Евровизија негативен на тестот за дрога по обвинувањата дека земаше кокаин на финалето

Италијанскиот победник на Евровизија негативен на тестот за дрога по обвинувањата дека земаше кокаин на финалето

Победата на Италија на Евровизија 2021 беше пропратена со голема еуфорија, но и со многу дискусии околу спорен момент прикажан за време на преносот на финалето.

Фронтменот на италијанскиот бенд Måneskin, Дамијано Давид, беше снимен додека се наведнуваше над масата во „Зелената соба“ и неговиот потег многумина го поврзаа со земање кокаин.

Видео од спорниот момент

Уште на самата прес-конференција по победата, 22-годишниот пејач веднаш ги отфрли обвинувањата. „Не користам дрога“ – рече тој и појасни дека под масата гледал скршена чаша.

Måneskin

Сепак, за да стави крај на шпекулациите, Европската радиодифузна унија (EBU) спроведе истрага, во рамките на којашто биле разгледани сите снимки од вечерта, а Дамијано доброволно се подложил на тест за дрога.

Откако резултатите од тестот испаднаа негативни, EBU соопшти: „Немаше користење на дрога во Зелената соба“.

Непосредно пред тестирањето, бендот уште еднаш порача: „Ние навистина сме ПРОТИВ користење дрога и никогаш не сме земале кокаин. Подготвени сме да се тестираме, затоа што нема што да криеме.“

Måneskin го освои евровизискиот трофеј со песната „Zitti e buoni“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.