Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Италијанска идила: Ѕирнете во семејниот дом на Андреа Бочели во Тоскана

Италијанска идила: Ѕирнете во семејниот дом на Андреа Бочели во Тоскана

Андреа Бочели ја покани екипата на Architectural Digest на кратка прошетка низ неговиот идиличен имот во Италија.

60-годишниот пејач, кој поради глаукома ослепе на 12-годишна возраст, позираше со својата сопруга Вероника во семејниот дом во Тоскана, каде живеат со трите деца.

Домот на Андреа Бочели

Имотот се наоѓа покрај море и се протега на површина од 743 m2, а претходно беше хотел.

„Одлуката ја донесов прилично брзо. За избор толку важен како што е купувањето дом, сметам дека не треба само да се потпираме на рационалноста, туку и на нашиот инстинкт. Јас почувствував дека ова е домот во кој ќе ги израснам моите деца, и го купив“ – изјавил Бочели.

Домот на Андреа Бочели Домот на Андреа Бочели

Андреа тврди дека омиленото место за одмор му е семејниот дом. „Бидејќи патувам многу често, најдобриот одмор кој можам да го замислам секогаш е во мојот дом, опкружен со љубовта на моето семејство и пријателите кои доаѓаат да ме посетат“ – рекол познатиот Италијанец.

Домот на Андреа Бочели Домот на Андреа Бочели Домот на Андреа Бочели Домот на Андреа Бочели Домот на Андреа Бочели Домот на Андреа Бочели Домот на Андреа Бочели Домот на Андреа Бочели Домот на Андреа Бочели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.