Ирина Шајк и Бредли Купер продолжуваат да одржуваат одлични контакти за доброто на нивната ќеркичка.
Откако поранешниот пар се врати од заедничкиот одмор во Венеција, сега ја испрати Леа на првиот училиштен ден. 48-годишниот актер и 37-годишниот модел беа фотографирани пред училиштето со 6-годишното девојче.









Во меѓувреме, сè повеќе се разгоруваат гласините дека Ирина е во врска со Том Брејди, кој неодамна се разведе од моделот Жизел Бундшен.

Ирина и Бредли започнаа да се состануваат во пролетта 2015 година, а се разделија во јуни 2019 година. Оттогаш наваму многупати се фотографирани заедно.